Заев телефонски разговарал со Меркел: Поддршка од германската канцеларка за успешна реализација на претстојниот референдум

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев попладнево оствари телефонски разговор со канцеларката на Сојузна Република Германија, Ангела Меркел.

„Германската канцеларка, Меркел, даде поддршка на напорите на Владата и на општествено – политичката јавност во Македонија, за зајакнување на европските и атлантските перспективи на граѓаните на нашата држава. Канцеларката Меркел ја потврди поддршката на Германија за постигнатиот Договор меѓу Македонија и Грција, којшто го решава долгогодишниот спор, што беше главна пречка за членството на Република Македонија во ЕУ и во НАТО. Во таа насока заеднички е заклучено дека референдумот е врвен демократски чин и одраз на определбата на граѓаните за иднината на државата“ се вели во соопштението на Владата на Република Македонија.

Заев ја информирал Меркел за подготовките за пресотјниот референдум.

-Владата е силно посветена на организирањето фер, демократски и транспарентни услови за реализација на демократското изјаснување на граѓаните, ѝ соопшти премиерот Заев на канцеларката Меркел.

„Претседателот на Владата, Заев во телефонскиот разговор со германската канцеларка Меркел соопшти и дека Владата продолжува активно со реформските напори што одат во насока на исполнување на условите од заклучоците на Европскиот совет во јуни 2018 година, особено во делот на владеењето на правото, борбата против корупцијата и криминалот, како и реформите во јавната администрација и разузнавачките служби. Премиерот Заев и канцеларката Меркел зборуваа и за конкретни чекори за зголемување на економската соработка меѓу двете држави“ велат од Владата.

Разговарале и за други актуелни билатерални и регионални прашања.

Би можело да ве интересира

Мерц: Долготрајната војна не е во интерес на Германија

Британија, Франција и Германија: Може да преземеме неопходни одбранбени мерки против Иран

Нова главоболка за Мерц: Зелените бараат итна истрага за „германска поврзаност“ во аферата Епштајн

Кина ги престигна САД

Лидерката на германската десница: Мирот во Европа е можен само со Русија, Британците се виновни за крвопролевањето

Мерц: Нема да дозволиме AfD да ни ја уништи земјата