Заев: Тајното следење останува под контрола на Јавното обвинителство

Од:

Премиерот Зоран Заев денеска по потпишувањењто на решенијата за поддршка на младите земјоделци најави дека реформите во безбедносните служби се во напредна фаза и дека е избран третиот модел кој претставува аутсорсинг на сите институции.

Тој кажа дека тајното следење останува директно под контрола на Јавното обвинителство, далеку од рацете на политичарите.

– МВР ќе може само со судска наредба да се вклучи во системот за борба против тероризам, екстремизам, радикализам, она што значи заштита на државата. Се што е врзано со корупција, криминал, можности за сомневање, е апсолутно под строга контрола на Јавното обвинителство. Таков е моделот. На него може да се приклучат Царината, Агенцијата за разузнавање и други институции кои имаат потреба од ваков вид асистенција. Конечната цел е никогаш повеќе да не се повтори злоупотреба на тајните служби, посебно тајното следење или попрецизно кажано, тајното прислушкување кое беше пример како не треба во Македонија тоа да се злоупотребува. Затоа, во иднина е најважно граѓаните да знаат дека никогаш повеќе никој нема да ги прислушува, да ги уништува нивните човекови права и слободи на комуникација, подвлече Заев по потпишувањето на првите решенија за поддршка на младите земјоделци во Министерството за земјоделство.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот