(ВИДЕО) Заев: Ставрески вели дека сакал да му каже на Груевски-иди у п.зду мате..ну

Од:

На денешната прес конференција, лидерот на СДСМ Зоран Заев објави снимки, од како што рече разговор меѓу министрите за внатрешни работи и финансии, Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески, по кавгата меѓу Ставревски и директорот на Државна лотарија..

Во снимката, за која Заев вели дека говори Ставревски, министерот кажува дека му се дерел на директорот.

„Копилето одма пишал порака. Преку глава ми е, одма фаќа страна. Сите други се во право. Ми иде да му напишам иди у пи..у мате..ну “.

„ Абе штом му е Дане подобар, он нека му ги врши работите, стави си го Дане.Мизерија да ти кажам “.

Транскрипт

ГЈ: Ало? Ало?
ЗС: Консултација малце се изнервирав.
ГЈ: Ајде.
ЗС: Уште не дојден од Турција ми стига порака: Зоран што направи толку Дане денеска да го направиш лом? Нешто… со него
ГЈ: Боже еееј.
ЗС: Дане од Државна Лотарија на кој што миљон работи му прошле со кој што ја не се согласувам…
ГЈ: Да де да.
ЗС: …миљон и првата покушаваше агресивно денес да ја спроведе и на Лиле и се дереше и ја застанав у заштита на Лиле и едно време ми пукна филмот пошто искоментира па ако не ми најдете, ако не може вака да се реши, тогаш Владата нека ми даде пари и ја тука ми пукна филмот и му се изназдрав. И му реков ако не ти се работи оваа работа напушти ја, на некој друг може ќе му се работи или можда е проектот неуспешен и нема постојано истото да го слушаме. И знаеш го запукав така јако…
ГЈ: Да де да.
ЗС: …да се однесува така на комисија. И копилето одма пишал порака и од сите…
ГЈ: Лигуш.
ЗС: …можни приорите у државава прво по доаѓањето од Турција место да ми каже фала Зоран што ми ја држеше состојбата овдека додека ја…
ГJ: Да де да, мислам на миљарда проблеми, мислам овој период толку беше напнато, затегнато…
ЗС: Но но, преку глава ми е, значи истото тебе шо ти го прај, значи ќе ти, ќе ти… Одма зазема став дека другиот е во право, ти си кривиот. Значи еднаш позади нас да застанеше.
ГЈ: Да де да, она вчера шо ти го кажав, мислам… Ме слушна колку бев изнервирана. Мислам стварно е…
ЗС: И сеа ја му пишам порака, се објаснуем се оправдуем, а ми иде да му напишам иди у пичку материну.
ГЈ: Заедно со се Дане.
ЗС: Заедно со се Дане и седи тука работи ти ја работата, ја ја ја не морам да ја работам. Ако не ти се свиѓа.
ГЈ: Не ама стварно е претеризам.
ЗС: Ебати Дане, ебати копилињата.
ГЈ:И на крајот на краиштата, абе ако ти е Дане добар, стај го Дане да ти ја брка работата ти шо ја бркаш. Стај го Дане и готово.
ЗС: Абе сите се у право. Значи у старт е у право, и ја сеа треба да се правдам. Ја сум у дефанзива.
ГЈ: Да бе да. И сеа… пази најлошото е шо ти не добиваш шанса човечки да се објасниш. Треба по СМС да се објаснуваш.
ЗС: По СМС бе еве, СМС ми пишал не можел да издржи од од… Страшна работа се десила, Дане е увреџен.
ГЈ: Мизерија да ти кажам.

Би можело да ве интересира

Организаторите на пучот во Германија купувале оружје и во Хрватска

Горан Наумовски

Пучдемон бара од Општиот суд на ЕУ да му го врати европратеничкиот имунитет за да избегне екстрадицијата во Шпанија

Ана Ололовска

42 илјади евра ќе му плати државата на Верушевски зашто бил неосновано притворен

Васко Маглешов

(ВИДЕО) Судот со двојни аршини: За „Пуч“ дозволи, за 27 април обвинението се оценува без јавноста

Васко Маглешов

Верушевски за душевна болка бара 71 илјади евра од државата зашто бил неосновано уапсен и притворен

Васко Маглешов

ВИДЕО: Ако не чуле обвинителите досега, еве сега нека истражат кој нè местел во „Пуч“, повика Заев

Васко Маглешов