Во разговорот за кој лидерот на опозицијата Заев, посочува дека се одвива меѓу министрите Јанкулоска и Ставрески се вели дека Валентина Божиновска се жалела дека нејзината институција нема парно и дека е тоа срамота за 21. век, а Ставрески вели дека со комуналните услуги е проблем во сите институции во државата. Јанкулоска се жали дека нема пари за плати.
Транскрипт
ГЈ: Да помине годинава. До година ќе биде подобро. Ама не е подобро. И само ги влечеме опашките.
ЗС: Горде, и да е подобро, ние додаваме, нон-стоп, толку многу трошоци и обврски да не постои нормална земја у светов, Америка да бевме па ќе, немаше да издржиме. Нема седница на Влада, нема седница на Економски совет, сега и тие комитетите ги креиравме, на секое од тие седници доаѓаат креативни идеи што да се прави. Патеки околу ова, патеки околу она, аква паркови…Не знам што праиме. Мислам, ние сме лудаци. Ние сме лудаци. Ова што го правиме е ненормално. Тоа треба да го разбереме дека е ненормално.
ГЈ: Идиотска е состојбава.
ЗС: Ние сме лудаци. Ние трошиме на чоколада а немаме леб дома, тоа праиме ние.
ГЈ: Е баш така праиме. Види, ние кратиме, свесно, ирационално се однесуваме. Ги сведуваме основниве функции под минимум, не се ни на мимум, а ваму градиме не знам шо. Државата не ни функционира.