Заев со сретнал со Стефан Цернетиќ, човекот што лажно се претставува како принц на Македонија и Црна Гора

Од:

Премиерот Зоран Заев оствари средба со Стефан Чернетиќ од Торонто, кој минатата година беше разоткриен дека лажно се претставувал како принц на Македонија и Црна Гора. Тој со лажниот индентитет со години живеел на сметка на голем број италијански и светски џетсетери. Италијанската полиција успеала да го приведе лажниот принц на Црна Гора и Македонија кога направил голема сметка во одморалиште во кое престојувал, а менаџерот ја проследил до амбасадите на Македонија и Црна Гора. Од македонската амбасада тогаш реагираа со зборовите „не испраќајте ни сметки, немаме принц и сигурно не го делиме со Црна Гора“.

„Претседателот на Владата, Зоран Заев, оствари неофицијална средба од неформален карактер со лицето Стефан Чернетиќ во рамките на неговите средби и контакти со заинтересирани граѓани“, велат од Владата за „Макфакс“.

Покрај ставот на Владата, Чернетиќ на социјалните мрежи напишал „Бевме љубезно поканети оваа недела во Скопје за да дискутираме за дипломатски проекти во палатата на Владата. Македонија расте толку бргу и е одлична прилика за инвеститори, туризам и бизнисмени“.

Чернетиќ беше обвинет за лажно преставување и фалсификување документи од страна на италијанската полиција. Поради титулата што Чернетиќ сам си ја доделил, тој имал прием од градоначалници, наследници на кралски семејства и високи свешетени лица. Случајот откриен минатата година беше потврден и од Министерството за надворешни работи.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев