Заев: Софтверот на Рашковски е набавен законски и транспарентно

Од:

Премиерот Зоран Заев одговарајќи на пратеничко прашање на Александар Вељановски од ВМРО-ДПМНЕ за поврзаноста на поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски со набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци , рече дека тој е набавен согласно законот за јавни набавки, транспарентно и одговорно. Тој рече дека чинел пет милиони денари и кога ќе бидат завршени сите законски процедури, ќе биде предаден за потребите на МВР. Што се однесува до постапка за случајот „Леонардо“, Премиерот рече дека тој случај е одамна завршен.

„Постапката за случајот„Леонардо“ е завршена уште во времето на ВМРО-ДПМНЕ. Генералниот секретар имаше задача да ги спроведе потпишаните договори од претходната власт. Целата истрага е завршена и комплетирана. Што се однесува до софтверот за сообраќајни прекршоци Јавното обвинителство и Антикорупциската комисија се обратија до Владата, службите постапија и ги доставија сите информации до нив. Софтверот е набавен регуларно, авторските права се во сопственост на Владата и генералниот секретар има право да прави анализи за министерствата. Софтверот е работен од страна на „ ФИНКИ“ и е оспособен и предаден со изворен код, а создаден е за различни намени. Целосно е функционален и ефикасен и ќе се стави во функција откако ќе се соединат базите на податоци и завршат одредени законски и подзаконски процедури“, рече Заев.

Драги Рашковски ја разбранува јавноста откако излегоа информаци дека набавил софтвер за сообраќајни прекршоци без консултација со надлежното министерство, односно МВР.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јанковиќ: Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Левица: Инфлацијата јаде, владата молчи

ВМРО-ДПМНЕ: Владата води грижа за сите, зголемува плати и пензии, го помага стопанството

Горан Наумовски