Заев со порака до младите: Ова е ваша земја, останете овде, бидете дел од европеизацијата и напредокот на државата

Од:

Претседателот на СДСМ на вчерашната трибина на СДСМ и Коалицијата „Можеме“ одржана во Чаир, упати порака до младите да останат во државата и да се борат за напредок и развој, за европеизација на државата преку процесите на преговори со ЕУ и членството во НАТО.

– Една порака до младите луѓе, да не размислуваат за надвор. Таму во Германија, во Швајцарија, во Италија, во Австрија можеби земаат поголема плата, но кога ќе дојде крајот на месецот и ќе ја платат киријата и сите сметки не е тоа нешто значајно што им останува за живот. Таму развојот го достигнал своето ниво, реформите се случиле, предизвикот е завршен, а животот е еден. Таму ќе се возат горе на бранот, да, и животот ќе помине. Но предизвикот е овде. Овде е борбата. Овде се случува европеизацијата на државата. Овде ќе бидат реформите што треба да ги правиме. Овде ќе се крева економскиот стандард на народот. Затоа, нека останат тука, тука да се борат. Тука се остава трага. Затоа драги млади луѓе, останете дома! Јас и овие луѓе околу мене ќе се бориме, да се борите и вие! Ова е ваша земја, има да се бориме дома, оти тоа е патриотизам!“, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев во Чаир.

Во обраќањето, меѓудругото претседателот Заев посочи дека денес, патриотизам е да се подигне економскиот стандард и да се обезбедат што повеќе пари назад кај граѓаните.

– Денес, патриот е тој што си подава рака еден меѓу друг, што гради единство. Патриот е тој што го крева економскиот стандард и целата економија. Патриот е тој што за 2,5 години отвори 64.000 работни места, даде 300% поголема социјална помош на најсиромашните, ја воведе државната социјална пензија, згрижи 12.000 стечајни работници. Патриот е тој што имаше храброст да ги укине квотите за лековите, да ја крене 40% платата на специјалистите лекари, 25% на медицинските сестри, 21% на наставниците и учителките, 31% на негувателките и воспитувачките, истакна Заев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!

СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски, а граѓаните гледаат театар наместо одговорност за бегството на Михајлова

Горан Наумовски

СДСМ: Клековски се прави како да не е од тука, Ива Михаилова избега зашто Тошковски ја пушти, Муцински договори, а Мицкоски одобри

Горан Наумовски

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија