(ВИДЕО) Заев: Со фер и демократски избори победуваме сите

Од:

Денеска е голем ден за демократијата и слободата во Република Македонија, ден кога граѓаните избираат продолжување и заокружување на промените во нашата земја, рече премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев кој попладнево гласаше во избирачкото место во Струмица.

– Денеска по пат на фер, демократски и слободни избори, граѓаните ќе го искористат своето уставно право и ќе заокружат за евроатланска интеграција на Македонија, ќе заокружат едно општество за сите во Македонија, ќе заокружат развиени економски општини и развиена економска држава, рече премиерот Заев.

Тој додаде дека очекува денот да помине во знакот на сериозноста на самите локални избори, кои, како што рече, се од голема важност за Република Македонија.

– Пред се, се надевам на фер и демократски избори, само така сите победуваме во Македонија, а на крајот преку нашиот глас, преку процентот на излезеност, навистина даваме поддршка и за иден раст и развој на сите општини во нашата земја. Им посакувам на граѓаните, вечерва сите да се чувствуваат како победници, рече Заев.

Би можело да ве интересира

Мицкоски во Маврово и Ростуше на средба со граѓаните и поддршка за Онер Јакупоски за градоначалник

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски