Заев: Со ДУИ решивме крупни прашања, првпат очекувам предизборна коалиција со партии од албанскиот блок

Од:

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска од Виница најави предност на својата партија во однос на коалициското договарање за претстојните избори со сите партии, а особено со оние од албанскиот политички блок

– Со ДУИ ги решивме крупните прашања во Владата, а ние сме единствена партија која има лепеза на избор за соработка со албанските партии, така што очекувам дека ќе најдеме сили првпат да направиме предизборна коалиција со партии од албанскиот блок. Коалициите ќе бидат задржани и малку проширени, а тоа нема да биде подоцна од 9 март, кога е закажан конгресот на СДСМ. Тоа ни дава за право да бидеме фаворити на овие избори. Ги завршивме разговорите со досегашните коалициски партнери, а веќе разговараме и со нови. Ќе продолжиме до крајот на следната недела, кога ќе го објавиме заокружувањето на процесот на коалициското договарање, а имаме околу 27 политички субјекти. Лично сум задоволен од преговорите, затоа што зборуваме за вредности, за програми, за давање збор, нешто што мора да нè спои, како и за преземање одговорност и во парламентарната и во извршната власт, истакна Заев.

Во врска со подготовката на листите за пратеници, претседателот на СДСМ истакна дека завршило предлагањето на можни кандидати во месните одбори и општинските организации на партијата.

– Извршните одбори ги прават конкретните одлуки согласно критериумите, за потоа да поминат во следната фаза, кога имињата на сите кандидати ќе бидат доставени до Централниот одбор. Таму ќе ги пречека сериозна комисија за селекција составена од меѓународни и домашни експерти, а на крајот преку анкети ќе ги слушнеме граѓаните за тоа кој е оној кој најдобро би ги претставувал. Морам да споменам дека имаме нов квалитет, овојпат ќе имаме машко-женски листи како еден патент модел, односно 50 отсто мажи и 50 отсто жени. Ова е сериозен и храбар чекор што го правиме и е вреден затоа што ќе го вклучиме недоволно искористениот женски потенцијал во државата, истакна Заев.

Во врска со најавите од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за преземање на досегашни коалициски партнери на власта, Заев рече дека оваа партија треба да се реформира во однос на градењето на политики, ставови и стратегии, зошто во спротивно уште долго ќе остане во опозиција.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, СДСМ нема да се откаже од европската иднина на државата

Предраг Петровиќ

Груби со куфер пред Општина Чаир побара оставка од албанската опозиција

Пендаровски: Резултатите не се како што очекувавме, веројатно разликата ќе биде околу 130 илјади гласови

Александар Тодески

Османи: Европскиот фронт ја победи коалицијата Вреди со над 40.000 гласа, волјата на граѓаните е јасна и треба да се почитува

(ВИДЕО) Кузеска: Ги очекуваме резултатите, уверени сме дека граѓаните ќе ја поддржат европската иднина

Александар Тодески

Од 714 обработени избирачки места, 44 отсто од гласовите се за Сиљановска, 19 отсто за Пендаровски, покажува статистиката на ВМРО-ДПМНЕ