Заев: Следува целосен успех во октомври и почеток на преговорите до крајот на годината

Од:

Со заклучоците на Советот на министрите од Луксембург добивме силно и недвосмислено признание за нашите достигнувања во изминатата година. Добивме јасна потврда за реформите кои ги спроведовме и за сите резултати остварени на домашен план, но и пофалби за Договорите со Грција и Бугарија. Тоа за нас и за граѓаните е многу значајно и ни укажува дека заедничките напори не беа попусто, објави премиерот Зоран Заев на својот „Фејсбук“ профил.

Тој посочува дека со заклучоците на Советот ни е одредена точна временска точка во која ќе се донесе и потврди одлуката за почеток на преговорите за членство ЕУ, а тоа е не подоцна од октомври оваа година.

За нас, нагласува Заев, беше клучно оваа одлука да биде донесена оваа година, а овој заклучок токму тоа го потврдува.

– Ние во меѓувреме продолжуваме со работа и реформи. Нашиот резултат е одржлив и незапирлив. Продолжуваме со интензивните подготовки за формален почеток на преговорите до крајот на оваа година. Задоволни сме од денешниот заклучок, но тој ќе значи целосен успех во октомври, кога ќе се круниса со конечна одлука за почеток на преговорите и практичен почеток до крајот на годината, додава премиерот Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?