Заев: Сите процеси за кои постојат докази продолжуваат, на лидерската средба прва тема – претседателските избори

Од:

Сите процеси за кои постојат докази продолжуваат од точката во која се застанати во моментов, изјави денедска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање дали со новото законско решение за СЈО всушност го спасува неговиот коалициски партнер, лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

-Сите процеси за кои постојат докази продолжуваат, доказите се живи и здрави тие постојат, не може некој да ги уништи, да ги сокрие, соодветно се распределуваат во државното обвинителство, понатаму во новото СЈО за висока корупција, во обвинителството за организиран криминал, во скопското или во некое од внатрешноста. Предметите соодветно се распределуваат затоа што докази постојат, рече Заев и додаде дека законот е квалитетен и оти во неговата подготовка учествувале и домашни и странски експерти.

Нагласи дека со новото законско решение во ниту еден момент не се гледала можност некој да се спаси или да се оцрни и изрази верување дека ќе се обезбеди консензус за законското решение за јавното обвинителството, каде е вклучен и статусот на СЈО.

Премиерот повтори дека во новиот закон прислушуваните разговори ќе се користат за случаите до 30 јуни 2017 година, односни за 18-те предмети, кои се поднесени до судовите.

-Законот предвидува дека разговорите по тој датум нема да се користат, ама процесите ќе продолжат. Тоа е дел од договорот од Пржино, тие 18 месеци, рече Заев.

Предлог-законот засега има подрршка од владејачкото мнозинство, односно од 68 пратеници, се уште го нема потребното двотретинско мнозинство, но тој очекува дека ќе бидат обезбедите 80 пратенички гласови.

Во однос на случајот „Монструм“ и што со него и бомбите со новото законско решение, Заев напомена дека сега независни државнио органи го водат случајот, за разлика од претходно.

-Материјалите се предадени, сите бомби се предадени. Тие се индиции, без разлика дали се доказ или не тие се индиции, како што со одредена индиција почнува истрага за да се обезбедат докази, така и разговорите што ги има СЈО се индиции и се во државна сопственост, посочи премиерот.

Потврдивме дека прифаќаме средба меѓу претседателот на СДСМ и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и таа средба ќе се случи, веднаш штом ќе ги потврдиме роковите и верувам дека може до крајот на оваа седмица да се случи, но првата тема ќе бидат претстојните избори, изјави меѓу другото Заев.

– Моја задача е како претседател на Влада, кој пред 21 месец бил опозиција, да разговарам со лидерот на опозицијата, кои се сите тие гаранции што треба ние да ги обезбедиме за фер и регуларни демократски избори, кои се одредени резерви што тие ги имаат, да ги отстраниме затоа што Северна Македонија мора да има кристално чист изборен процес и тоа е обврска на сите. Ќе разговараме и за реформските закони, но ниту јас ниту Мицкоски сме најстручни, треба стручни луѓе од Парламентот и од Министерство за правда да седнат на маса, рече Заев.

 

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Во видео од неколку секунди излезе на виделина целото лицемерие, аздисаноста и лажната грижа за народот на СДС

Митева: Филипче, Заев и Ковачевски свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да биде оставена сама на Балканот и неинтегрирана

Политиката на свиткана кичма на Заев донесе штетни договори од кои и денес Македонија едвај глава крева реагира ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев се лицето и опачината на истата паричка – ортаци се во криминалот и корупцијата

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не е нов лидер, туку чувар на фотелјата на Заев

Ковачевски за средбата со Заев и Ахмети: Зборувавме за настапот на партиите на изборите и за членството во ЕУ

Александар Тодески