А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Заев: Сите да вложиме напори за зачувување на работните места

by А1он01/05/2020 - 09:38340
Share0

Лидерот на СДСМ Зоран Заев испрати честитка по повод Меѓународниот ден на трудот во која упати апел да се вложат напори за зачувување на работните места и за достоинствен приход.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Поради глобалната пандемија од коронавирусот, оваа година, Денот на трудот го одбележуваме во несекојдневни, вонредни околности, во кои солидарноста, тој взаемен однос кон другите, кон работниците е темел на нашиот морал. Целиот свет покажа солидарност, ретко видена досега – тоа се случува и кај нас. Пред се’, граѓанките и граѓаните со почитување на мерките за заштита се солидаризираа со сите оние кои се во првите линии на борба со вирусот. Многумина изнајдоа креативни начини како да изработат заштитна опрема за нашите здравствени работнички и работници и многумина од нив тоа го направија бесплатно. Голем број индивидуаи и компании донираа храна за најзагрозените семејства. Државата се погрижи секторите кои беа најмногу погодени да добијат директна финансиска помош со која ќе се задржат работните места, вели Заев во честитката.

Порачува дека фер и праведно е сега фирмите да им обезбедат достоинствен приход на своите работници и да ги задржат на работа, преку помошта обезбедена од државата.

– Оние компании кои непречено функционираа и за време на кризата, фер и праведно е да ги наградат своите вработени кои и во вонредни околности посветено работеле и создавале. Тоа е солидарност, тоа е праведност. Напредокот ќе го обезбедиме само ако работниците во нашата земја се вреднувани, мотивирани и почитувани, работници кои се сигурни и заштитени на своите работни места, истакнува Заев.

Следете a1on на Youtube YouTube

Со порака дека работниците се моторот на македонската економија, Заев им се заблагодарува за напорите што ги правиле и за покажаната солидарност.

– Да продолжиме заеднички да се справуваме со кризата што го опфати целиот свет и сигурно ќе ја извојуваме најголемата победа со тоа што ќе ги задржиме работните места, вели Заев во честитката испратена по повод 1 Мај.

1 maj

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Улични војни“ во светските градови: Протестите ескалираа, полицијата употреби сила

Предраг Петровиќ01/05/2026 - 20:00

„За плата се бориме, не се молиме“, работниците на првомајки протест

Катерина Ѓуровски01/05/2026 - 12:48

“Сакам да работам“ со честитка за 1 мај бара реално согледување на фактите за игрите на среќа

Катерина Ѓуровски01/05/2026 - 10:33

Првомајски протест на Синдикатите, посебен режим во Скопје

Катерина Ѓуровски01/05/2026 - 07:44

ССМ организира протест на 1 Мај, ги повика работниците масовно да излезат

Горан Наумовски29/04/2026 - 13:24

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Предраг Петровиќ01/05/2025 - 15:30
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео