А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Видео Македонија

(ВИДЕО) Заев: Силјановска е надвор од концептот едно општество за сите

by А1он18/02/2019 - 15:0618/02/2019 - 15:10266
Share0

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ,Гордана Силјановска е надвор од секој можен концепт на актуелната власт и не е прифатливо решение за нас, изјави премиерот Зоран Заев по средбата со лидерот на ДУИ, Али Ахмети на која разговараа за консензуален кандидат за претседател. Според него, опозицискиот кандидат воопшто не е профил за консензуален претседател и е спротивност на концептот едно општество за сите.

Добивај вести на вибер

„Таа во ниту еден сегмент не даде поддршка на тоа што цел свет го поддржува и огромното мнозинство на граѓаните. Македонија направи голем чекор напред, отидовме во исполнување на нашите децениски аспирации. Ние денеска сме земја каде што секоја недела се ратификува протоколот за НАТО, ние сме земја која што е преговарач со ЕУ”, таа е надвор од секој концепт на живот, надеж и живеење на огормно мнозинство од граѓаните“, изјави Заев.

Премиерот не сакаше да открива можни имиња за кои разговарале со Ахмети, но рече дека до крајот на неделата ќе биде познато дали е прифатлив консензуален кандидат, откако ќе се направат внатрепартиски консултации.

За можно неисполнување на цензусот Заев остава на одговорноста на граѓаните. Вели дека во анкетите 78 отсто велат дека ќе излезат во двата круга, но тој сепак смета дека зависи од тоа колку партиите ќе ги мотивираат гласачите во предизборната кампања.

По средбата со Ахмети, Заев најави средби и со Мендух Тачи, Африм Гаши, Биљал Касами и Зијадин Села.

Галена Николовска-Ризвановиќ

izboripretsedatelZaev

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 14:12

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Горан Наумовски01/04/2026 - 11:55

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски30/03/2026 - 07:1930/03/2026 - 09:21

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Горан Наумовски23/03/2026 - 14:26

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски23/03/2026 - 07:3123/03/2026 - 07:31

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Горан Наумовски08/02/2026 - 13:50
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто