Заев-Сијарто: Унгарија ги поддржува интеграциите на Македонија во ЕУ и НАТО, а ќе се унапредува економската соработка

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од министерот за надворешни работи, Никола Димитров и државниот секретар на МНР, Виктор Димовски, попладнево се сретна со Петер Сијарто, министер за надворешни работи и трговија на Унгарија.

Министерот Сијарто соопшти дека Унгарија ги поддржува интеграциите на Република Македонија во ЕУ и НАТО, кои се важни за безбедноста и развојот на Македонија, но и на целиот Западен Балкан.
-Очекуваме 2018 година да биде значајна година за Република Македонија, во евроинтеграциите преку добивање датум за преговори, како и покана за НАТО. Евро-атлантските интеграции за граѓаните на Македонија значат безбедност и сигурност, но и отвораат економски перспективи. Во таа насока ја поздравувам поддршката на Република Унгарија во име на Владата и граѓаните на Република Македонија, рече премиерот Заев.

На средбата стана збор за унапредување на економската соработка помеѓу Македонија и Унгарија, преку инвестиции во енергетиката, животната средина, банкарството.

Се разговараше за важноста на градење на европските коридори, што ќе значи подобра инфраструктура но и олеснето движење, значајно за трговските односи, како и за важноста од железничко поврзување на регионот.

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, оцени дека контактите на политичко ниво помеѓу двете држави придонесуваат за интерес на унгарските компании за инвестирање во Македонија. Тој додаде дека унгарската Влада ја следи реализацијата на реформскиот План 3-6-9 којшто, како што е оценето, бележи прогрес, што исто така влијае на развојот на економската соработка, како и на европските и евро-атлантските интеграции.

На средбата се разговараше и за важноста од заедничко справување со предизвиците од мигрантската криза.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се појави снимка, се тврди дека докажува изборна измама на владеачката Фидес во Унгарија

Огромна излезеност на изборите во Унгарија, се огласи Орбан

Собраниска делегација учествува во набљудување на изборите во Унгарија

ВИДЕО: Клучни избори во Унгарија, што велат анкетите и обложувалниците

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

Орбан: Постои опасност – сè што сме изградиле може да биде изгубено