Заев: Секое истрчување на предвремени избори го стопира развојот на државата и патот кон евроинтеграциите

Од:

Премиерот Зоран Заев изјави дека не е време за предвремени избори, бидејќи тие ја стопираат државата во натамошениот развој и патот кон евроинтеграциите, одговарајќи на новинарско прашање, дали е согласен за предвремени избори заедно со локалните избори на есен како што бара опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Тој рече дека приоритетот во наредниот период ќе биде подобрување на стандардот, нови инвестиции и отварање на работни мести, наместо избори кои според него ќе го стопираат економскиот развој.

„Конечно треба да престанеме со предвремени избори, тие ги стопираат ваквите инвестициски проекти и севкупната економија. Државата има јасен правец по кој се движи, европеизацијата продолжува, сите тешки одлуки кои се донесоа во минатото беа заради економскиот стандард на народот, заради отварање на нови работни места. Да ги мотивираме ваквите инвеститори да вложуваат, да отвараат работни места, да го зголемуваат својот извоз, бруто домашниот производ, а со тоа и благосостојбата на целиот наш народ. Секое предвремено истрчување на избори значи кочење на ваквите процеси, затоа редовните избори се во 2024 година и треба да опстоиме на тоа. До тогаш треба сите, ама буквално сите почнувајќи од мене, Претседателот на државата, извршната власт, општините но, и сите наши граѓани да ги засукаме ракавите и да работиме .Само така ќе имаме поголеми плати, поголеми инвестиции, поголем извоз и само така ќе донесеме поголема среќа за целиот наш народ“, рече Заев при денешната посета на фабриката „Конти хидропласт“, во Гевгелија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот