Заев се уште во потрага по еден пратеник

Од:

Премиерот се уште е во потрага по уште еден пратеник кој ќе го направи 2/3 мнозинство, неопходно за изгласување на уставните измени.

Од Беса на Касами синоќа излегоа со дефинитивен став дека нивните двајца пратеници Теута Биљали и Фадил Зендели нема да се приклучат на мнозинството доколку не се исполни нивниот услов. Барањето на ова крило на Беса е „за граѓаните од албанската етничка припадност, во прописите и другите акти на државните органи државјанството на македонски јазик ќе гласи „македонско/граѓани на Република Северна Македонија” на албански јазик ќе гласи „eMaqedonisë/qytetar i Republikës së Maqedonisë Veriore” и на англиски „macedonian/citizen of Republic of North Macedonia”.

Крилото на Беса на Гаши, кое има тројца пратеници, јасно укажува дека барањата не се нивни, туку на делот на Касами.

Барањата на Беса на Касами се неприфатливи за Заев, но и за осумте пратеници во Независната група која произлезе од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Според извори на А1он, преговори се водат и со неколку пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, иако од партијата на Мицкоски уверуваат дека се единствени и нема нивни пратеник кој би гласал за предавничката промена на уставот. Во спротивно, велат, повторно ќе има исклучувања од партијата.

Продолжнието на седницата е закажано за 12 часот. Извесно е дека и денеска ќе продолжи неизвесноста дали ќе финишира реконструкцијата на Уставот за да се имплементира Договорот од Преспа.

Би можело да ве интересира

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Радев очекува побрза ЕУ интеграција на Македонија одма после уставните измени

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Мицкоски повтори дека нема намера да го менува Уставот без гаранции од Европската унија