Заев се сретна со унгарскиот амбасадор: Унгарија е наш голем поддржувач

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска се сретнал со делегација од амбасадата на Унгарија во земјава предводена од амбасадорот, Ласло Дукс .

На средбата се разговарало на повеќе актуелни теми, како процесот на интеграција на земјава во ЕУ, членството во НАТО, напредокот на земјава изминатите 2.5 години, спроведувањето на реформите, актуелната политичка ситуација во земјата односно престојните парламентарни избори во април.

Амбасадорот на Унгарија во државава, Ласло Дукс истакнал дека Македонија има огромна поддршка од Унгарија во поглед на нејзината евроинтеграција и дека тоа веќе се потврдило и на самитиот во октомври минатата година.

„Така ќе биде и овојпат во март и искрено се надевам дека земјата ќе го добие конечно датумот за почеток на преговори“, рекол амбасадорот Дукс.

Во однос на престојните парламентарни избори Заев истакнал дека многу е важно тие да бидат регуларни, фер и демократски, затоа што „тоа би било уште една потврда дека сме демократски зрела држава и нашето место е во Европската Унија“.

Како друга актуелна тема се поставила и мигрантската криза, особено по отворањето на границите од страна на Турција и очекувањата на зголемен прилив на мигранти и кон нашата земја и справување со целата таа ситуација,  на што од страна на претседателот Заев било посочено дека нашата држава е подготвена за ситуацијата и е во постојана координација и со Грција и со Бугарија.

Заев и Дукс, според соопштението, се согласиле дека двете земји отсекогаш имале добри и пријателски односи и дека тоа ќе продолжи и во иднина и во насока на економска соработка и можни инвестиции на Унгарија во Македонија.

Би можело да ве интересира

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Испливаа детали за скандалот кој ја принуди унгарската преседателка на оставка

Катерина Ѓуровски

По претседателката Новак, оставка поднесе и унгарска пратеничка

А1он

Сијарто: Унгарија не сака руски имот, тоа е наследство на комунизмот

Орбан: ЕУ ни се заканува со Армагедон