Заев се сретна со правобранителите од Република Македонија

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев денеска го посети Државното правобранителство и оствари средба со правобранителите од Република Македонија, предводени од државниот правобранител Фехми Стафа.

На средбата се разговараше и за можностите за подобрување на условите за работа на оваа институција, како и за можностите поврзани со коефициентот за пресметување на платите на јавните правобранители.

Премиерот Заев посочи дека институцијата е важна за Република Македонија, затоа што е фактор во заштитата на државата во судските постапки.

Премиерот ги информираше правобранителите за намерите на Владата, да помогне во подобрување на условите за работа на правобранителството и службите во оваа институција, и истакна дека во соработка со МВР изнајдено е решение за проблемот со обезбедувањето на јавното правобранителство.

„Одлучни сме да ги подобриме условите за работата и да ја поддржиме модернизацијата на оваа институцијата. Тоа е составен дел во ефикасноста на процесите, што влијае и на останатите институции и животите на граѓаните“, рече Заев.

Премиерот Заев апелираше правобранителите да сторат се што е во нивна надлежност да се динамизираат процесите на денационализација, да нема застои. Тоа, додаде Заев, ќе допринесе кон економски исплатливо користење на имотите кои се заглавени во тие случаи, од кое бенефит ќе имаат и државата и граѓаните на Република Македонија.

Државниот правобранител, Стафа, изрази надеж дека ваквата комуникација ќе продолжи со цел продлабочување на соработката, подобрување на условите но и на ефектот од работата на правобранителството.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев