Заев – Линхарт: Поддршка за почеток на преговорите и интерес за австриски инвестиции во енергетиката

Од:

Премиерот Зоран Заев денеска во Владата имаше средба со австрискиот сојузен министер за европски и меѓународни работи, Михаeл Линхарт и австриските бизнисмени кои ќе учествуваат на Економскиот форум во Скопје.

На состанокот е нагласен и поздравен посебниот придонес на премиерот Заев во стабилноста на нашата држава и на регионот. Исто така е истакната силната поддршка од Република Австрија за продолжување на процесот на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан и конкретно за почеток на преговорите на ЕУ со Република Северна Македонија, во декември годинава. Изразен е и голем интерес од австриска страна за нови инвестиции во државава, соопштува владината прес-служба.

Премиерот Заев се заблагодари за големата, пријателска, принципиелна поддршка од Австрија, како еден од најголемите поддржувачи на евро-атлантските перспективи на Северна Македонија и меѓу најголемите инвеститори во државава, но и за покажаната солидарност во време на пандемијата.

„Сработивме на реформски план, покажавме лидерство во решавањето на добрососедските односи низ дијалог, пример сме во регионот за функционално мултиетничко општество едно и еднакво за сите и очекуваме од Европската Унија да го испорача ветеното и во најскоро време да ги почнеме преговорите со ЕУ. Имаме стабилно парламентарно мнозинство, очекуваме и зголемување на мнозинството, не очекуваме предвремени парламентарни избори – напротив до редовните избори во јуни 2024 година Владата ќе се посвети на силен развој на економијата“, рече премиерот Заев.

Претседателот на Владата Заев, во таа насока, ги објасни и поволностите и поддршката што ја имаат инвеститорите од државата. Претставниците од бизнис делегацијата изразија посебно интерес за можни инвестиции во енергетиката и посебно во делот на обновливите извори на енергија.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев