Заев се сретна со Ханес Свобода во Виена

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев придружуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска е во посета на Австрија.

Попландево претседателот на опозицијата, Заев и заменик претседателката Шекеринска се сретнаа со Ханес Свобода, претседател на Меѓународниот институт за мир во Виена, член на одборот на Форумот за меѓународен дијалог Бруно Крајски и поранешен координатор на пратеничката група на социјалдемократите во Европскиот парламент.

„Изразена е заедничка согласност дека мора да организираат и спроведат регуларни предвремени парламентарни избори на 11 декември, за потребата од функционирање на правото и правната држава, како и за итна потреба од враќање на земјата на демократскиот пат преку избор на легитимна Влада.

Претседателот Заев ги соопшти заложбите на СДСМ за кредибилни избори, како и Планот на СДСМ за добар живот во Македонија и отворање на блокираните перспективи на земјата.

-Имаме готови планови, што ќе направиме во првите шест месеци и во следните две години. Ќе го подигнеме стандардот на граѓаните и ќе овозможиме развој на домашните претпријатија и истовремено ќе го демократизираме општеството. Се обврзуваме на целосно спроведување на итните реформски приоритети од Извештајот на Прибе, соопшти претседателот Заев.

Вечерва во 19.00 часот, во истакнатиот европски институт, Форумот за меѓународен дијалог Бруно Крајски претседателот на СДСМ Зоран Заев ќе одржи предавање на тема “Македонија на крстосница“, заедно со поранешниот координатор на пратеничката група на социјалдемократите во Европскиот парламент Свобода, како и со Франц Враницки, поранешен канцелар на Австрија и почесен претседател на Форумот Бруно Крајски“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“