Заев се сретна со делегација на ПС на Советот на Европа

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, заменик претседателката Радмила Шекеринска и членката на Извршниот одбор, Рената Тренеска Дескоска, денеска се сретнаа со делегација на Мониторинг комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа, предводена од Штефан Шенах.

На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба во земјава, длабоката политичка криза и предизвиците пред коишто е исправена Република Македонија.

Претседателот Заев потенцираше дека објавувањето на Вистината за Македонија ја потврди целосната партизираност на државните институции, контролата на власта врз медиумите, местењето судии и судски пресуди, како и криминалното и неетичко однесување на врхушката на власт.

“Објавивме докази дека за време на последните неколку изборни циклуси власта спровела класичен изборен грабеж. Доказите пак коишто денеска ги објавивме го потврдија она што го говоревме од почетокот на објавувањето на Вистината за Македонија, дека Никола Груевски, Сашо Мијалков и неколкумина нивни соработници прислушувале над 20 илјади граѓани во Македонија” рече претседателот Заев.

Претседателот Заев потенцираше дека враќањето на слободата и демократијата во Република Македонија е предуслов за враќањето на европската иднина на Република Македонија.

Скопје, 28.04.2015 год.

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Фрчкоски: ДКСК да ја прошири истрагата за Андоновски со новата фирма „Нома солушнс“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Трансформирање на тендери од 1,5 милиони евра во министерството на Андоновски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

Филипче: За две години потрошувачката кошничка е покачена за околу 10.000 денари, а платите не мрдаат

(ВИДЕО) Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3.000 помалку деца, 433 паралелки помалку, затворени 26 училишта

(ВИДЕО) Кузеска: Под радарот течат матни зделки на Мицкоски за дата-центри, а ВМРО-ОКГ со лаги ги прикрива

Горан Наумовски