(ВИДЕО) Заев: Се надевам средбата со Хан ќе влијае на процесот

Од:

Претседатели на СДСМ, Зоран Заев денеска се сретна со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на билатералните средби што комесарот ќе ги одржи за време на неговиот претстој во Македонија.

По 40-минутниот разговор, Заев изјави дека се надева оти средбата со Хан ќе влијае на преговарачкиот процес и дека ќе ја забрза имплементацијата на договорот од Пржино.

„Со Хан направивме пресек на значајна фаза од преговарачкиот процес. Разговаравме за изборот на специјален јавен обвинител и законско решение. Му се заблагодаривме за огромната поддршка од ЕУ и нивните претставници. Најголем дел од времето потрошивме на следните фази од преговорите поврзани со избирачкиот список, изборниот законик, медиумите и реформите во судството. Драго ми е што ЕУ наметнува конкретни термини за реализација на договореното“, рече Заев.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

ЕУ внимателно ги следи изборите во Србија – тие мора да бидат во согласност со меѓународните стандарди

А1он

Џентилони: Европа мора да престане да молчи пред потезите на Трамп

ЕУ бара Маск да ги врати неограничените услуги на „Старлинк“ за Украина

Дмитриев: Европа е во длабока енергетска криза

ЕУ: За жалење е одлуката на САД за укинување на санкциите за рускиот дизел

ЕУ најавува трет повик за стратешки рударски проекти до крајот на 2026 година

А1он