Заев се надева на решение за името до средината на годината

Од:

Премиерот Зоран Заев очекува до средината на годината да се најде решение за 25-годишниот спор за името со Грција и на Самитот на НАТО во јуни да биде активирана поканата за членство на Република Македонија.

Во изјава за бугарската телевизија „Нова“, Заев вели дека евентуалното решение ќе треба да биде одобрено на референдум.

– Референдумот треба да биде дополнителна гаранција и за нашите пријатели од Република Грција бидејќи со тоа дефинитивно ќе се тргнат сите сомнежи, а народот ќе стои зад решението кое ќе биде прифатено. Убеден сум дека Македонците се подготвени за тоа. Но, се уште сме во преговори и се надевам дека решението ќе го сочува достоинството на граѓаните и на Грција и на Република Македонија, истакнува Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма