(ВИДЕО) Заев: Не ги признаваме криминалните избори, да се формира техничка Влада

Од:

На неколку минути по затворањето на гласачките места, кога пребројувањето не е започнато, претседателот на СДСМ, Зоран Заев кажа дека опозицијата не ги признава изборите, ниту пак резултатите од парламентарните и престедателските избори.

-СДСМ и здружената опозиција не го признаваат изборниот процес ниту за парламентарни избори ниту за претседател на државата. Власта со Груевски покажа дека нема елементарна волја да спроведе демократски избори. Власта уште еднаш најдрско го узурпираше демократското право на граѓаните, со целосна системска контрола на гласачите во изборниот процес. Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ го злоупотребија целиот државен систем во партиски интерес, со незапамтени притисоци врз јавната администрација. Во име на заштитата на волјата на гласачите, на човековите и цивилизациски вредности, овие криминални избори не ги признаваме, бараме итно техничка влада која ќе спроведе парламентарни и престедателски избори. Бараме и мора да се организираат избори на кои контролата ќе се врати кај народот, рече Заев.

Заев потенцира дека владејачката гарнитура уште еднаш покажа дека не знае да организира фер и демократски избори, при што било извршено масовно купување на гласови со помош на полицијата.

Како што вели Заев, цели 35 денови инспекциите ги казнувале и затворале фирмите, а партиските штабови на опозицијата биле под постојана опсада на полицијта.

– Во однос на прекршувањето на изборниот процес, повторно го имаме Пустец. Пустец повторно ја преплави Македонија, а од друга страна имаме целосен молк на институциите. Бевме соочени и со непрофесионално известување на медиумите, а пред се’ на националниот сервис МТВ. СДСМ направи се’ што може да се заштити изборните права на граѓаните. Затоа бараме формирање на техничка влада која ќе ги спроведе изборите. Нашата борба не престанува, изјави Заев на прес-конференцијата.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Корупцијата цвета, Македонија е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија

А1он

СДСМ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со пет тони дрога

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Со денови нема одговор како 5 тони дрога поминаа преку македонската граница, нема приведени, нема осомничени

Горан Наумовски