Заев: Самитот на Северноатланскиот совет доаѓа во клучен момент за нашата колективна безбедност

Од:

Започна работата на пленарната седница на Северноатлантскиот совет на НATO Самитот 2021. Овој Самит се одржува во клучен момент за нашата Алијанса и за нашата колективна безбедност. Во ерата на новите поместувања на глобалната безбедносна сцена, ги засилуваме нашите позиции наспроти предизвиците, за заедно да донесеме одлуки на стратешко ниво за понатамошно прилагодување на НАТО, напиша денеска на Фејсбук премиерот Зоран Заев.

-Сите ние лидерите на НАТО и на земјите-членки сме согласни дека ниту една земја или континент не може да се справи сама со овие предизвици. Трансатлантското единство и солидарност се од витално значење за да се одржат нашите нации безбедни. Сега имаме историска можност да ја зајакнеме врската меѓу Европа и Северна Америка и да го подготвиме НАТО за иднината и затоа иницијативата НАТО 2030 за продолжување на адаптацијата на нашата Алијанса е во срцето на Самитот, наведува Заев.

Би можело да ве интересира

САД, Украина и Русија подготвуваат конкретни предлози за трилатерални преговори

Москва: НАТО го претера со воените активности покрај руските граници

Москва е загрижена од плановите на НАТО

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

Литванија: НАТО итно подигна борбени авиони поради непознат објект

Американски генерал: Путин игра опасна игра, но НАТО е многу помоќен од Русија

А1он