(ВИДЕО) Заев: Сакаме избори, ама економијата ќе се блокира

Од:

Премиерот Зоран Заев вели дека му одговарале избори, но како што рече, не било погодно сега да се распишат и да се одржат зашто ќе се блокирала економијата.

Ова Заев го кажа на прес-конференција одржана по повод изгласувањето на уставните измени, одговарајќи на новинарско прашање околу предлогот на опозицијата за предвремени парламентарни избори заедно со претседателските Заев рече дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски барал избори но молел Бога, да не му се случат.

„СДСМ ќе го отвори ова прашање со коалиционите партнери и во партијата. Но ние сметаме дека избори во овој момент не се најдобро решение, иако анкетите се наша страна“, изјави Заев.

Но, Заев претходно призна и дека ќе треба да се носи со политичката одговорност и штетата на неговиот рејтинг поради аманестијата и политичките пазарења.

„Граѓаните се тие што наградуваат и казнуваат, а тоа најдобро ќе го кажат на избори, кога ќе дојде време за избори. Ние сме свесни на одговроноста која треба да ја сносиме пред граѓаните“, додаде Заев.

На прашањето дали се чувствува уценет политичар, околу целиот процес поврзан со промена на името, Заев не даде конкретен одговор, но рече дека сето тоа што го направил било за иднината на државата и уште еднаш повика на пошироко помирување.

– Кога веќе се помиривме со соседите, зошто да не се помириме и дома, еден и пол милион луѓе останавме во државата да ги надминеме разликите и да живееме заедно, порача Заев.

Премиерот во својот говор неколкупати го спомена ново име на државата Република Северна Македонија, наместо Македонија. Коментирајќи го ова Заев рече дека е за народот да се привикне на новото име на државата, прво треба да го чуе од устата на првиот човек на Владата.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Илјадници луѓе на десничарски протест во Саксонија: „Овој картел, оваа влада мора да си замине“

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината