(ВИДЕО) Заев: Разрешувањето е поради пораката која граѓаните ни ја испратија на изборите

Од:

Одлука за разрешување е сериозен израз на одговорност и примање на порките од страна на граѓаните од претседателските избори како и амбициите за наше подобрување. Тргнавме од сопствените редови. Во моментот СДСМ управува со својот централен одбор и новиот генерален секретар, рече претседателот на СДСМ и премиер на РСМ Зоран Заев по денешната седница на Централниот одбор на СДСМ на која беше разрешено целото партиско раководство.

-Сега е време за поголема инициатива, целиот фокус ќе го посветиме за подобар живот на граѓните, СДСМ е голема партија, покажува дека живее и за граѓаните дека е подготвен да се менува на подобро. Ова се системски и суштински промени во партијата, сакам јавно да им се заблагодарам на сите што јавно ја извршуваа својата функција, да им се заблагодарам на тројцата секретари, Александар Кирацовски, како и Миле Зечевиќ и Дане Талевски како и на шесте потпретседатели за досегашната работа. Благодарност и до извршниот одбор бл кој исто престана да ја извршува својата функција, како и на координаторот на форумот на жени Цветанка Ласкова, рече Заев.

Актуелниот премиер најави и промени во извршната власт по која ќе следуваат нови именувања. Тој и официјално го претстави новиот генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски пред јавноста и членството на партијата.

-Љупчо Николовски е новиот генерален секретар на партијата, тој нема повеќе да биде министер. Тој е еден од поуспешните министри во владата јас сум горд што имав таков член во владата, се враќа во партијата за да може ова да биде победничка партија. Му посакувам успех и бескомпромисност кога е во прашање интересот на граѓаните, ја има мојата поддршка од СДСМ да направиме подобра партија, рече Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“