Заев разговараше со Хеферс за можниот излез од политичката криза во Македонија

Од:

Moжниот излез од политичката криза во Македонија, причините за сложената ситуација во земјава и последиците на економски план и врз евро-перспективите беа темите на разговор на средбата на претседателот на СДСМ, Зоран Заев со амбасадорот на Кралството Холалндија, Јоп Хеферс.

Посебно внимание беше посветено на незаконското институционално насилие што го прават врз граѓаните Никола Груевски и врвот на власта, посебно преку упадот и контролата во судството и медиумите.

-Тоа, како што стана јасно од прислушувањата што ги правела власта, се манифестира низ закани, уцени, притисоци, криминал и корупција, во функција на лични и тесно партиски цели, а на штета на интерсите на државата и на граѓаните, рече претседателот Заев.

Тој објасни дека злоупотребите на власта, обелоденети преку проектот Вистината за Македонија, веќе се нотирани во меѓународни извештаи, како тие на ОБСЕ/ОДИХР и на ЕУ и дека СДСМ ги разгледува сите механизми за враќање на слободата и демократските процеси во Македонија.

Холандскиот амбасадор Хеферс рече дека неговата земја и Европската Унија внимателно ги следат загрижувачките состојби во Македонија и ја повтори подготвеноста за помош во наоѓање можно решение.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците