Заев: Прочистувањето на судството ќе открие колку предмети се чуваат во фиоки

Од:

Колку се чуваат корупциски или било какви предмети во фиоки во Јавното обвинителство и правосудството ќе видиме сега со прочистувањето. Судскиот совет и Советот на обвинители, на транспарентен и ефикасен начин очекувам да ги завршат сите овие проверки и прочистување во правосудството за да може да се среди правосудниот систем во државата, изјави премиерот Зоран Заев, одговарајќи на прашање од пратеничката Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ околу договорот со фирмата „Леонардо“.

Темелите на ова прашање, посочи Заев, се апсолутна лага и невистина.

– Вистината вели дека договорот со фирмата „Леонардо“ потпишал таткото на поранешниот министер за надворешни работи Никола Поповски и тој договор е ефикасен и активен. Генералниот секретар на Владата по опис и попис на работни задачи има меѓу другото задача да ги реализира договорите. Договор потпишан за времето на ВМРО-ДПМНЕ од татко на министер, кој што бил директор. И на крајот е интерес на државата да се изгради тој радарски центар и безбедноста на авиосообраќајот бара да се реализира таквиот договор. И, ако има вина да си одговара и Рашковски, и Заев и било кој, ама ако има вина и таткото на Никола Повски да си одговара, изјави Заев.

Вистината е таа, нагласи премиерот, и апсолутно се работи за јасно транспарентен процес и доста познат за самата јавност.

– Немате никакво право да кажете невистини, манипулирате и врз основа на тоа да влечете заклучоци, па дури и драма со конечен заклучок мешање во правосудството. Која и да е институција треба да работи еднакво, транспарентно, ефикасно за било кој предмет во државата. Кој сака неке е, ако е функционер, уште побрзо треба предметите за него да се изработуваат. Денеска има поранешни и сегашни функционери исправени пред правосудни процеси. Некој докажува своја невиност, на некој му се докажува вината, се зависи како ќе заокружи целиот процес на одлука на независното судство, рече Заев.

Пред законот, судовите и обвинителството, посочи Заев, еднакво се исправени сите граѓани.

– Денеска пред суд се и социјалдемократи и членови на ВМРО-ДПМНЕ, и неопределени граѓани, и Македонци, и Албанци, и Турци, и Власи подеднакво. Уште еднаш апелирам законот да важи за сите, граѓаните очекуваат еднаквост, ефикасност и ефективност подеднаква за сите, во сите процеси обвинителски или судски и никако поинаку. Ниту е точно, ниту може да биде точно дека Зоран Заев влијае во судството. Јас се борев против влијанието на Никола Груевски и другите од ВМРО-ДПМНЕ во правосудството и фала богу успеавме, рече Заев.

Правосудството денеска е транспарентно, слободно и отворно, нагласи тој, и ако некој некаде недозволено се меша, тоа веднаш се знае во јавноста.

– Верувам дека процесот на прочистување што го поздравувам согласно донесените методологии, кои го работат органите кои за тоа се единствено задолжени, а тоа е Судскиот совет и Советот на обвинители, а во делот на другите постапки Антикорупциската комисија, никако извршната власт, никако политиката или било кој друг, на транспарентен и ефикасен начин очекувам да ги завршат сите овие проверки и прочистување во правосудството за да може да се среди правосудниот систем во државата, изјави Заев.

Стојановска, која го постави прашањето, рече дека не е задоволна од одговорот.

Би можело да ве интересира

Коалицијата „Сите за правично судење“ реагира на назначувањата во Академијата за судии и јавни обвинители

Панова: Успешно ли е кога довербата во правосудството е минорни два отсто?

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

Левица: Одговорност за бегството на Рамадани Владата да бара во сопствените редови

Хисени: Признавањето вина од Мемети и од Георгиев – горчлив доказ за понатамошното намалување на довербата на граѓаните во правосудниот систем

Во Обвинителството и судството парите од буџетот за нови вработувања ги пренаменувале за плати велат од Финасии