Заев – Прибе: Одговорност од сите за функционална правна држава

Од:

Одговорност од сите во државата за да се обезбеди функционална правна држава, е заклучокот од денешната средба на премиерот Зоран Заев со експертот од ЕУ, Рајнхард Прибе, кој беше придружуван од евроамбасадорот, Самуел Жбогар.

На средбата е изразена поддршка на политичкиот процес кој заврши со Договорот од Преспа и ги отвори интеграциските процеси на Република Северна Македонија. Посебно е нагласена важноста од имплементација на реформите во правосудството и донесените закони, бидејќи, како што е констатирано, еден од важните аспекти, којшто покажува дали функционира една демократска држава, е независен, транспарентен и ефикасен правосуден систем.

Заев изјави дека постои свесност кај Владата и силна определба да се овозможат сите потребни услови за обезбедување правда и правичност за сите граѓани.

– Резултатите во економијата, по отворените интеграции во НАТО, стануваат видливи. Но, се согласуваме дека на земјата и требаат практични резултати во правосудството. Тоа значи имплементација на изгласаните закони и спроведување на потребните реформи што ќе им овозможат на правосудните органи да работат целосно независно, мотивирано, во достоинствени услови за работа. Потребно е сите во државата да го сфатат својот дел од одговорноста во овој процес. ЕУ очекува Република Северна Македонија да покаже резултати во функционирањето на правосудниот систем. Тоа е важно за датумот за преговори со ЕУ што го очекуваме во јуни. Но тие се важни и за граѓаните кои сакаат и заслужуваат да живеат во земја каде што функционираат правдата и правната држава и ќе направиме `се што e потребно за да ја осигуриме правната држава, рече премиерот Заев.

На средбата е заклучено дека е потребно успешно спроведување на претстојните претседателски избори за државата да може да го задржи фокусот на потребните реформи важни за евроинтеграцискиот процес.

Би можело да ве интересира

Заев: Пет години, речиси секој ден, ВМРО-ДПМНЕ не престануваат да се занимаваат со мене, ширејќи континуирани лаги и клевети

Горан Наумовски

Продолжува препукувањето, Груевски повторно: Познато е дека големите пари Заев не ги направи со чесно копање на нива

Предраг Петровиќ

Дали Зоран Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер, прашува ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

Заев му одговори на Мицкоски: Очаен обид на неспособниот премиер да го пренасочи вниманието на јавноста од неговите неуспеси

ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на Мартин Костовски за кандидат за градоначалник е доказ дека Заев сеуште владее со СДС