А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Заев: Преку изборот за градоначалник ќе носите одлука во кој правец ќе се движи Македонија

by А1он02/10/2017 - 22:51162
Share0

Живот за сите во поубав и економски поразвиен Велес со подобра инфраструктура, ред во сообраќајот, проекти за здрава и чиста животна средина, нови патишта, водоводи, канализации, поддршка за спортот и за развој на бизнисот.

Добивај вести на вибер

Такви ветување беа упатени на вечерашниот митинг во Велес на Коалицијата „Живот во Македонија“ од претседателот на СДСМ Зоран Заев, кандидатот за градоначалник Аце Коцевски и носителот на советничката листа Ненад Костиќ.

– Имате одлични кандидати со одлична програма. Велес е центарот на Македонија исправен и предвесник на промените. Знам дека Велес победува и ќе биде лидер во Македонија. Знам кој ќе победи во Велес, но да не се дозволиме втор круг и работата да ја завршиме уште во првиот, рече Заев, ветувајќи максимална поддршка од Собранието и Владата за реализација на проектите за развој на општината.

Заев порача дека Македонија има несекојдневни избори, важни од два аспекта. Преку вашиот глас, наведе, преку изборот за градоначалник ќе носите одлука и во кој правец ќе се движи Македонија, но многу поважно е и заради важноста која ја има општината во секојдневниот живот на граѓаните.

Коментирајќи ги ставовите на политичките опоненти, кои тврдат дека во изминатите четири месеци се случило помрачување во државата, истакна дека „тие треба да сфатат оти се има почеток и крај и дека следуваат реформи во ВМРО-ДПМНЕ од кои нема бегање“.

Според Заев, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски се обидува да се спаси преку кандидатите за градоначалници, но, како што потенцира, нема спас, Македонија оди напред, оди кон живот и кон подобра иднина за сите.

– Покажавме дека имаме капацитет кога е потребно да се исправиме, Македонија гради пријателство, целиот свет сака да и помогне, за четири месеци успеавме да ги стабилизираме работите и да отвориме перспективи, рече Заев, наведувајќи и дека се обезбедени заштеди, исплатени се субвенции, донесен е закон за стечајци, воведена е дневна евтина тарифа…

Претседателот на СДСМ оцени дека се отворени вратите на пријателство со сите соседи, потенцирајќи дека и со Грција ќе се отстранат пречките. – Со пријателски подадена рака ќе ја добиеме подршката и од граѓаните на Грција, а притоа да знаете дека македонштината ни е сешто имаме. Никој нема да ни ја чепне, ниту идинтитетот, ниту нашата посебност. Ќе најдеме решене со што Македонија негребната ќе биде членка на НАТО и членка на ЕУ, рече Заев.

Претставувајќи ги приоритети за развој на Велес, Коцевски рече дека ќе биде градоначалник на сите, парите од буџетот ќе се трошат строго наменски за вистинските приоритети и оти Велес ќе биде општина без корупција. – Ќе работиме напорно да го надоместиме изгубеното и да го подобриме квалитетот на живеење, рече Коцевски, кој гледа можност за развој на Велес преку подобро искористување на финансиите од претпристапните фондови на ЕУ и склучување договори за јавно приватно партнерство.

Коцевски ветува и дека ќе предложи намалување на цената на водата, пресметување на надоместот за исфрлање комунален смет според реалните количини, затворен градски пазар со паркинг, катна гаража во центарот, гасификација, многу градежни зафати за подбрување на сообраќаоит, изградба на инфарструктура во индустриските зони за да привлечеме што повеќе странски инвеститори, мали хидроелектрани.

lokalni izborisdsmvelesZaev

Би можело да ве интересира

СДСМ: Без техничка влада не може да има праведни избори

А1он13/01/2026 - 17:5313/01/2026 - 17:55

(ВИДЕО) Лукаревска: Се најавува кредит од дури 6 милијарди евра, Владата ги турка граѓаните во должничко ропство

А1он12/01/2026 - 15:24

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 11:4412/01/2026 - 13:52

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски11/01/2026 - 14:1311/01/2026 - 14:21

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

Горан Наумовски10/01/2026 - 10:17

Мицкоски во Маврово и Ростуше на средба со граѓаните и поддршка за Онер Јакупоски за градоначалник

Предраг Петровиќ09/01/2026 - 21:40
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен