(ВИДЕО) Заев: Предлогот на Мицкоски е противуставен, треба да најдат друг кандидат за МВР

Од:

Премиерот Зоран Заев по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кажа дека разговарале за две теми, првата тема за кандидати за техничката влада на предлог на најголемата опозициска партија, а втората тема е за предложените измени на Изборниот законик во делот на изборниот модел.

Имињата за останатите министерства, вели премиерот, ќе бидат соопштени во понеделник, во координација со Мицкоски.

– Со оглед на тоа дека Мицкоски не го кажа името за предлогот за министер за внатрешни, јас само ќе кажам дека станува збор за воено лице и оттука има дилема дали Уставот тоа го дозволува, законот за служба во Армијата и законот за министерство за внатрешни работи. Ќе ја консултираме владината стручна експертиза. Уставот јасно определува дека со Одбраната и со Полицијата раководи цивилно лице најмалку три години, рече Заев и додаде дека немаат никакви предрасуди, но уставот и законите треба да важат во државата.

Премиерот посочи дека на средбата го отвориле и прашањето за една изборна единица кој што беше даден од помалите политички партии во Собранието.

– Сакаме да направиме напори ова прашање кое што е на дневен ред и ќе продолжи да биде на дневен ред сигурно се до 12 февруари додека не се распушти Парламентот оти темата е отпочната во самото Собрание. Во духот на она што претставува напори на изнаоѓање на заеднички консензуални решенија разговаравме за можни варијанти. Еве сега да влеземе да го изгласаме законското решение да важи од следните парламентарни избори за тука да го најдеме компромисот, а отворените листи да важат за следните локални избори за да не има директен импакт како аргумент на опозицијата, посочи Заев.

Тој повтори дека СДСМ е на став дека треба да има една изборна единица, апелирајќи да се најде решение и на тоа прашање.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев