(ВИДЕО) Заев: Празниците да ни ја вратат добрината во душите

Од:

Од Соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица кој е во изградба, премиерот Зоран Заев упати празнична честитка до христијанските верници.

– Ова е еден од нашите поголеми христијански празници кога не личи да сме во нашите цркви, во нашите храмови со нашиот народ за да споделуваме христијански вредности. Споделувањето на христијанските вредности значи дека сме добри луѓе, кои сакаме да си помагаме, меѓусебно да си пружиме рака и заедно да се надеваме на подобра иднина на сите нас, рече Заев.

Тој нагласи дека Македонија е се што имаме.

– Македонија е се што имаме, а нашата црква е нашиот покровител, надевајќи се дека овие празници ќе ни ја вратат добрината во душата за да продолжиме да бидеме пред се добри луѓе. Нека ни е честит празникот, Успение на Пресвета Богородица, рече Заев.

Претходно, претседателот на Владата на РМ, Заев присуствуваше на утринска литургија во манастирот „Свети Леонтиј“ во Водоча, а попладнево ќе ја посети и црквата „Пресвета Богородица“ во близина на Берово.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Поскапува парното, со арамијата Мицкоски животот на граѓаните е претворен во преживување

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поповиќ: Под притисок на власта Уставен суд го укина колективниот договор – преседан против 2.000 работници во култура

СДСМ бара Гаши веднаш да свика итна седница за насилствата врз жените

Горан Наумовски

СДСМ: Како буџетот е предизвик за Мицкоски кога сме трета економија во Европа?

Директорката на „Алта груп“ која е во притвор во Белград има фирма во Скопје, објави СДСМ

Катерина Ѓуровски

САС на МПЦ-ОА: Секој облик на насилство е апсолутно неприфатлив, потребни се заеднички напори за негово спречување