Заев: Постојат големи шанси за решавање на спорот со името, треба да бидеме подготвени да направиме исчекор

Од:

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека Македонија мора да биде подготвена за исчекор за прашањето за името, оценувајќи дека сега има поголеми шанси од порано да се изнајде решение со Грција.

– Со Република Грција имаме поголеми шанси од порано да изнајдеме решение. Очекувам дека до крајот на овој месец ќе почнат да се раздвижуваат работите, макар на преговарачите со Нимиц. Стојам на располагање и за премиерско ниво, министерот за надворешни работи е подготвен, веќе разговаравме со претседателот на државата. Во поглед на ова прашање Македонија мора да биде подготвена за исчекор конечно за решавање на ова прашање, рече Заев, одговарајќи на новинарски прашања по претставувањето на Предлог-буџетот за 2018 година во Владата.

Премиерот изрази надеж дека во процесот ќе биде вклучена и опозицијата, се со цел да се изнајде решение за овој горлив проблем.

Заев кажа дека на прва рака му се допаѓа идејата за преименување на Скопскиот аеродром во „Киро Глигоров“, но најави дека ќе почека да го слушне мислењето на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

Орце Костов

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска