Заев: Посетата на Коѕијас и средбата со Нимиц можност за приближување кон решение за името

Од:

Премиерот Зоран Заев ја оценува средбата со грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас што ќе се одржи неделава во Скопје и преговорите со медијаторот Метју Нимиц како можност за приближување кон решавањето на проблемот што го има Грција со нашето уставно име.

– Верувам дека е можно да се најде решение и оптимист сум ако притоа водиме сметка за достоинството и за идентитетот. Мене ми е важно како тоа ќе го прими грчката јавност и дали ќе биде прифатливо низ нивните институции. Верувам дека и на грчките политичари и на премиерот Ципрас треба да им биде важно како тоа ќе биде прифатено овде од граѓаните на Македонија, но и како ќе помине низ институциите на системот, изјави Заев одговарајќи на новинарско прашање по завршувањето на денешното судско рочиште за предметот „Поткуп“.

Тој посочи дека луѓето што преговараат се само поединци, а на крајот институциите на Македонија и на Грција се тие коишто одлучуваат.

– Верувам дека може да се направи исчекор, можеби не до крај да се реши, но секако да се приближиме зашто деновите и месеците се трошат, а ние сакаме до летото да го имаме решено овој проблем. Верувам дека тоа сака да го направи и грчката страна, потенцира Заев.

Тој посочи дека ги информира претседателот на државата и опозицијата за текот на преговорите кога смета дека има потреба за тоа.

Најави дека по средбата со Нимиц наверојатно ќе следува и нова лидерска средба.

Би можело да ве интересира

Уапсен Македонец во Грција, беснеел со мотор со 223 километри на час

Катерина Ѓуровски

Земјотрес во Грција

Мицотакис: Грција ќе ги ограничи маржите на горивото и производите од супермаркетите

Маринакис: Грчката Влада ги следи случувањата на Блискиот Исток, не постои причина за загриженост

А1он

Грчката бизнис асоцијација го продолжува своето силно присуство во земјава

Катерина Ѓуровски

Висок грчки офицер e уапсен за шпионажа

Горан Наумовски