Заев: Порастот на просечната плата е резултат на економските мерки и политики на Владата

Од:

Просечната плата во јуни 2021 година, изнесувала 28.744 денари и таа е поголема во однос на јуни 2020 година за 7 проценти. Минативе четири години растот на просечната плата е за скоро 6.000 денари за разлика од претходните четири години кога имала раст од 1.700 денари. објави попладнево премиерот Зоран Заев на неговиот фејсбук профил

-Според Државниот завод за статистика ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (25,1 проценти); Уметност, забава и рекреација (20,5 отсто) и Информации и комуникации (14,1 проценти). Земено во апсолутни бројки, растот на просечната нето плата во минативе четири години (2017-2021) е за цели 5.936 денари, додека во претходните четири години (2013-2017) просечната нето плата имала раст од 1.700 денари, пишува Заев на ФБ.
Според него, континуираниот раст на платите, меѓу другото, е резултат на економските мерки и политики што ги спроведува Владата за раст на просечната и на минималната плата.
Заев порачува дека Владата останува посветена на реализација на стапките на економски раст од 4-5 отсто и на покачување на платите за 20 до 30 проценти сѐ со цел подобрување на стандардот на граѓаните и економијата во земјата.

Би можело да ве интересира

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Влада: Просечната нето плата во државата рекордни 36.465 денари

Просечната нето плата во март 34.925 денари

Горан Наумовски

Просечната плата во февруари 33.720 денари

Просечната нето платата во јануари 33.943 денари

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска