Заев попладнево на средба со новата пратеничка група за уставните амандмани

Од:

Премиерот Зоран Заев попладнево во 16:30 часот во Собранието ќе има нова средба со Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ на која ќе се разговара за нацрт-амандманите на Уставот што Владата што до утре треба да ги достави до Собранието, како и за формирањето кординативно тело за помирување.

На првата консултативна средба, што се одржа во понеделникот, беше разговарано за сите четири точки од барањето на пратениците од опозицијата, кои го поддржаа отпочнувањето на процесот за измена на Уставот.

-Темата на денешната консултативна седница беше постапката на изготвувањето на нацрт-амандманите. Разговараме токму за оние први три точки од вкупно четири коишто беа испорачани до мене како претседател на Владата и до Владата како правно формални изготвувачи на нацрт-амандманите, да бидат вградени токму оние елементи коишто исто така се важни за нив. Можам да констатирам дека во тој дел на дебата изнајдовме конкретни насоки коишто ни беа дадени за нас како изготвувачи на нацрт-амандманите, рече Заев по понеделничката средба.

На средбата станало збор и за формирање кординативно тело за помирување во кое тројца членови би биле од новата пратеничка група, како и координаторите од другите пратеничките групи.

Би можело да ве интересира

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија