Заев: Подобар договор од постоечкиот со Бугарија не можеме да постигнеме

Од:

Подобар договор од Договорот за добрососедство и соработка од 2017 година не можеме да постигнеме со Бугарија. Тоа го знае македонската страна, а верувам и бугарската, порача денеска премиерот Зоран Заев.

-Постојат соодветни алатки и начини на решавање на ова прашање со јавна изјава, со писмена изјава, со декларација, со договор, анекс на договор и слично, а да не биде договор на договор. Ние имаме одличен договор кој беше основата за да се постигне и Преспанскиот договор. Во самиот договор има храбри исчекори од двете страни, зборувања за двата народи, за нашиот македонски народ, потпишани на нашиот македонски јазик, а секако зборуваме и за заедничката историја, рече Заев, во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Тој посочи дека тоа се храбри чекори кои се направени од бугарска и од македонска страна и додаде дека во договорот е детално опишано како во иднина да се пронајдат сите заеднички атрибути од заедничката историја за, како што рече, да не сплотуваат и да го градат добрососедството и пријателството и да ја унапредуваат соработката.

-Не верувам дека постои подобар договор меѓу Северна Македонија и Бугарија што би можел да се постигне и верувам дека тоа го знае и бугарската страна, а ние го знаеме како македонска страна. Постојат начини како да се решат разликите и дипломатијата ги познава. Верувам дека ќе употребиме еден од начините двете страни да бидат задоволни и да ги држи подеднакво среќни, посочи Заев.

Тој нагласи дека последен пат со бугарскиот колега Борисов разговарал на една недела пред празникот 11 октомври.

-Разговаравме со мојот пријател и брат за многу актуелни теми меѓу кои и оваа, но и за економската соработка, за ковид-помошта меѓу двете земји, за Берлинскиот процес каде земја кандидат првпат е коорганизатор и дека треба да ги охрабриме двете комисии да продолжат со работа и низ историските прашања да наоѓаат решение, рече Заев.

„Доколку е неопходно, не е на одмет кога и да биде потребно, повторно да ги завртиме телефоните по било чија волја, негова или моја, и да поразговараме,“ додаде премиерот.

Би можело да ве интересира

Ковачевски за средбата со Заев и Ахмети: Зборувавме за настапот на партиите на изборите и за членството во ЕУ

Александар Тодески

Ковачевски за писмото на Заев: Во демократија секој има право на став

Блиски луѓе на Заев ќе работат за фирма на белоруски конзул во Македонија: Кој ќе копа јаловина во РЕК Битола за 25 милиони евра

Орце Костов

Ципрас во Струмица на гости кај Заев

Заев: Очекуваме грчката страна да го исполни делот од Преспанскиот договор кој се однесува на патоказите

Нова провокација во клучен момент – Бугарското МНР за реакциите во земјава за децата од „Мал битолски Монмартр“

Катерина Ѓуровски