(ВИДЕО) Заев: Со поддршката од НАТО, Македонија успеа да ги исполни критериумите за влез во Алијансата

Од:

Оваа посета е од клучно значење. 2018 година ќе биде клучна година за Македонија и регионот. Време е процесите за интеграцијата да ги донесеме при самиот крај, рече премиерот Зоран Заев по средбата со генералниот серетар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Заев најави дека Република Македонија и во иднина активно ќе учествува во мировните акции на НАТО. Тој, исто така, се заблагодари за поддршката од Алијансата за Македонија да ги достигне целите во контекст на примена на основните човекови права и економски напредок.

– Со поддршка од земјите-членки на НАТО, Македонија успеа да ги исполни сите критериуми за влез во Алијансата. Сепак, прашањето со името се уште остана нерешено, рече Заев.

Премиерот на Република Македонија додаде дека државата успеа да се издигне над кризата и да ја реафирмира вербата во евроатлантските интеграции.

– Во име на македонските граѓани изјавувам дека државата и понатаму ќе дава поддршка за Алијансата, рече Заев.

Како еден од поглавните фактори за успешни интеграции во НАТО, премиерот Заев го наведе и зголемувањето на буџетот за одбраната, со што секоја година од БДП ќе се издвојува зголемување од 0,2 отсто за воените сили на Македонија.

Премиерот Заев рече дека искрено очекува Македонија да стане 30. членка на НАТО.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија