Заев по Нова година планира неформална средба со Борисов

Од:

Премиерот Зоран Заев по Нова година планира како политичар, а не како премиер, со оглед на тоа што ќе има техничка влада пред изборите најавени за 12 април да замине во Софија на средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов со кого меѓудругото ќе поразговара за работата на Билатералната мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања.

Како што брифираа од Владата средбата може да помогне да се придвижат работите на Комисијата, но додаваат дека досега земјава е во изборен процес не е паметно да се влегува во решавање на прашањата за кои двете земји засега не ги приближиле ставовите, како што е прашањето за Гоце Делчев.

За можноста да се одржи една таква неформална средба по празниците, како што брифираат од Владата, станало збор вчера на носачот на авиони „Хари С. Труман“, каде Заев, заедно министерка за одбрана Радмила Шекеринска, претседателот на Собранието Талат Џафери, началникот на Генералштабот Васко Ѓурчиновски и амбасадорката на САД Кејт Брнз, остварија средба со адмирал Џејмс Фого, командантот на американските поморски сили за Европа и Африка и командант на Здружените сојузнички сили во Неапол.

На „Хари С. Труман“ беа премиерот на Бугарија Бојко Борисов и министерот за одбрана во бугарската влада Красимир Каракачанов.

МИА веќе објави за барањето на македонските историчари од Комисијата следната формална средба да се одложи до завршување на изборите во Северна Македонија.

Македонските историчари од Комисијата за МИА појаснија дека барањето на македонската страна било да нема формални средби до завршувањето на изборниот процес, а во меѓувреме Комисијата може да разменува материјали и идеи по прашања, кои се тема на дискусија.

– Како на пример, забелешки за учебниците по историја и усогласување на препораки за подобрување на истите. Овој предлог е даден со цел да го заштитиме процесот кој го започнавме со колегите од Република Бугарија, а тоа е градење добрососедски односи преку решавање на отворените спорови поради различното толкување на минатото, посочуваат за МИА македонските историчари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?