Заев останува на ставот за избори во јуни, очекува договор следната недела

Од:

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по лидерската средба кај претседателот на државата, Стево Пендаровски, рече дека за време на разговорите биле проектирани одредени датуми за одржување на парламентарните избори, во зависност од тоа дали и за колку време би се продолжила вонредната состојба.

Според него, сите се согласиле дека избори треба да има 22 дена по укинување на вонредната состојбата.

„Ако теоретски нема трета вонредна состојба, тоа значи дека изборите би се одржале 22 дена од 17 мај, односно на осми јуни, ако се прогласи нова вонредна состојба од триесет дена, изборите би се одржале на 7 јули, ако вонредната состојба се продолжи за две недели изборите би се одржале на 21 јуни, а ако се прогласи воредна состојба за плус една недела, тогаш изборите би се одржале на 14 јуни. Така стојат правните апсекти за кои се дискутираше“, рече Заев.

Заев кажа дека било договорно Владата да побара попрецизни одговори од ОБСЕ/ОДИХР кога и колкава мисија би можела да прати во земјата и од Комисијата за заразни болести да димензионира протоколи за однесување имајќи предвид дека митинзи нема да може да има, дали може да се оди од врата на врата и слично. Претседателот на државата, според него, треба да одржи состанок со членовите на Државната изборна комисија (ДИК) за точните термини, како што кажа, „од – до проектирани за потенцијален датум за избори“.

-Водењето грижа за здравјето на граѓаните е ако навистина ги ставиме во функција сите институции. Во РСМ, Парламентот е нефункционален кај нас, рече Заев.

Лидерот на СДСМ истакна дека опозицијата денеска не била спремна да разговара за датум и дека купува време. Сепак, верува дека на почетокот на наредната недела би можело да биде постигнат договор за датум за избори.

Би можело да ве интересира

Томислав Томашевиќ убедливо победи во Загреб со над 30.000 гласови повеќе од Марија Селак Распудиќ

Горан Наумовски

Анкети: Tрзасковски тесно води на претседателските избори во Полска со 50,17 проценти од гласовите

Горан Наумовски

Јадранка Косор: Сплит ќе биде мега победа за ХДЗ

Томашевиќ води во Загреб, Павличек прогласува победа во Вуковар, а Риека добива нов градоначалник

Излезноста на вториот круг од претседателските избори во Полска е поголема отколку пред пет години

Локални избори во Хрватска: Затворени гласачки места, ниска излезност