Заев: Пехчево може повторно да блеска

Од:

Само со човечка сплотеност и единство може да се променат работите во Пехчево, и во Пехчево да се врати животот, истакна вечерва на предизборниот митинг од оваа малешевска општина претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

– Пехчево должи повеќе од еден милион евра и е срам и понижување за целиот регион. Но, нема нешто што не можеме да го промениме кон подобро, со човечка сила, сплотеност и единствено, Пехчево може повторно да го направиме да блеска, онака како што го знаеме, со џагорот на среќата, со градењето на пријателствата, дружбата меѓу луѓето, но, за жал тоа сето е изгубено, истакна Заев.

Тој ги потенцираше мерките преземени од Владата кои носат повеќе пари кај граѓаните и најавуваат подобар живот за сите граѓани, како и мерките за поддршка на стопанството.

Кандидатот за градоначалник на Пехчево од СДСМ, Драган Тренчовски, денеска вети пред граѓаните дека Пехчево ќе се гради плански.

– Ќе градиме локални и регионални патишта, ќе го решиме долгогодишниот проблем со водоснабдувањето, ќе обезбедиме приклучоци до сите домаќинства на реконструираната водоводна мрежа, со што ќе се подобри квалитетот на водата за пиење.

– Почитувани граѓани, пред десетина месеци вие со пенкало и глас, на демократски и достоинствен начин, ставивте крај на десетгодишното владеење на една недемократска власт и со тоа ги донесовте демократските промени во Македонија. Пред нас е нов предизвик. На претстојните локални избори, со заокружување на бројот 19 ќе придонесете кон промените во нашата општина, истакна Тренчовски.

На вечерашниот митинг во Пехчево беа претставени и кандидатите за членови на општинскиот Совет, а пред присутните свое обраќање имаше и Николчо Јовчев, носител на листата на советници од СДСМ и коалицијата.

Премиерот Заев пред почетокот на митингот во Пехчево имаше средба со граѓани во центарот на градот.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

Тренчевска: Решението на СДСМ значи поддршка на работниците за 600 евра плата и поддршка на компаниите

Филипче – Вајц: Местото на С. Македонија е во ЕУ, не да биде изолирана и заглавена

А1он

(ВИДЕО) Филипче со конкретно решение: Преку ребаланс се обезбедуваат и до 200 милиони евра за плати

СДСМ: Дали криминалецот Симе е поврзан со Гордана Димитриевска Кочоска и нејзиниот татко?

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Молкот на власта за скандалот со 5 тони дрога е потврда дека се штитат виновните