Заев оди на одмор откако најави „чистка” во Владата

Од:

Премиерот Зоран Заев од денес до 14 мај ќе оди на одмор. Од Канцеларијата на премиерот информираат дека тој ќе користи слободни денови поради приватни причини.

„Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија информира дека премиерот Зоран Заев во периодот од 10 до 14 мај 2019 година ќе користи дел од своите слободни денови, заради приватни причини. Канцеларијата на претседателот на Владата ќе функционира непречено во периодот на приватното отсуство на премиерот“, се наведува во соопштението.

Одморот на Заев доаѓа по кампањата за претседателските избори и посетата на Папата Франциск на земјава. Премиерот најави и „чистка“ во Владата и партијата веднаш по изборите, наведувајќи дека ја „примиле пораката од граѓаните на претседателските избори“, на кои победа извојува кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот