Заев: Од власта зависи дали ќе има или не избори

Од:

Градоначалникот на Струмица Зоран заев очекува фер борба, натпревар на идеи и проекти и победа со разлика од 10 илјади гласа на локалните избори .

Во интервју за „Утрински весник“, вели дека предизвикот во следниот трет мандат ќе биде економијата.

„Во овие осум години колку што ја водам Струмица, централната власт е седум години од спротивниот табор. И покрај тоа, Струмица е најуспешна општина во државата. На маката се гледа колку луѓето ги бидува. Во овој период кога власта одмагаше, не стави во состојба повеќе да размислуваме, повеќе да работиме и да се трудиме, но и да покажеме повеќе резултати. Тешко е кога гледате дека државата за едни општини е мајка, а за други маќеа.Никого не потценувам. Тој е кандидат за градоначалник не на која било општина, туку на Струмица. Го респектира и го почитува, но и настапувам со претпазливост со противкандидатот Васил Пишев“, вели Заев.

Одлуките да излезе пред полицијата се одлуки на нормален човек кој добил информација дека во парламентот ги удираат и ги влечат неговите пријатели на недостоинствен и на неморален начин. А, за изјавата дека ќе има пукање, Заев вели дека навистина нема да биде изненаден од оние кои удрија врз пратеници во парламентот, врз лидерите на опозицијата надвор од парламентот и да пукаат по неистомислениците.

„Валканите сценарија на владејачката гарнитура, со кои се обидуваат да ме прикажат во поинакво светло, нема да им успеат колку и да се обидуваат. Преголеми се добрите дела поврзани со мене, премногу докази има околу мене, за некој да тврди дека Заев е лош човек. Јас стојам зад моите изјави и не бегам од нив. А, за мојот карактер, не е во ред јас да зборувам, зашто го знаат сите во оваа наша мала земја. Само ќе кажам дека јас сум тоа што го работам за моите сограѓани, моите дела, моето секојдневје е доказот за мојот карактер. Прашајте во Струмица каков сум јас и сите чесни луѓе ќе ви ја кажат вистината“, вели заев.

За тоа дали дали ќе учествуваат на изборите, зависи од власта. Таа, вели, е најповиканата и најодговорната страна која треба да создаде достоинствени услови за фер и демократски избори.
„ Власта едноставно треба да ги прифати препораките на ОБСЕ и ОДИХР за да можеме да излеземе на демократски избори. Состојбите во земјата предизвикани од случувањата на 24 декември се посебна обврска на власта и за нив таа треба под итно да се зафати со изнаоѓање решение“, вели Заев во интервју за „Утрински весник“.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајна несреќа во Струмица, повредени неколку лица

А1он

Струмичани ќе се возат во јапонски автобуси од 700.000 евра

Орце Костов

Најмногу дожд во Струмица

Во Струмица мерки за заштита од загадениот воздух

Мајка од Струмица e осомничена за запуштање и малтретирање на дете

Горан Наумовски

Трите деца од семејството на девојчето кое се лекува од тешки повреди во Клинички во Скопје ќе добијат старател

Катерина Ѓуровски