Заев од Виница: Патиштата се запустени, градовите и селата раселени

Од:

Не можеме да се правиме дека се е исто во нашите градови и села, зашто патиштата се запустени, а градовите и селата раселени. Ќе направиме се да покажеме дека почнува нов живот во градовите низ државата, рече денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев од митингот во Виница.

Во обраќањето, Заев најави промени, истакнувајќи дека СДСМ сигурно ќе победи со илјада гласови разлика и тоа ќе биде јасно уште во првиот круг.

– На 15 октомври ги почнуваме промените во сите сфери на живеењето, зашто ќе падне режимот и ќе победиме со пенкало, истакна Заев.

Претседателот на СДСМ зборуваше и за резултатите кои актуелната Влада ги постигна во изминативе четири месеци.

– Отворивме неколку мерки кои значат живот за граѓаните. Го укинавме законот за екстерно тестирање, ја укинавме радиодифузната такса и донесовме неколку социјални мерки за граѓаните. Го стабилизиравме Буџетот со што заштедивме 45 милиони евра пари на граѓаните, рече Заев.

Се осврна и на донесениот Закон за минималната плата која ќе важи за 7.000 работници во државата. минималната плата, потсети, ќе изнесува 12.000 денари.

– До крајот на 2019. година просечната плата во Македонија ќе биде 500 евра, рече Заев.

Ги повика граѓаните на 15 октомври да гласаат за живот во Македонија, ветувајќи дека државата и локалната власт ќе бидат вистински сервис на граѓаните.

Коалицијата „Живот во Македонија“ предводена од СДСМ на митингот во Виница пред граѓаните ја претстави советничката листа за идниот општински совет чиј носител е Митко Илиевски.

Зборуваше и кандидатот за градоначалник Ивица Димитров кој истакна дека новата локална власт има реални планови и проекти за патишта, улици, канализација, водоводи, градинки, училишта и спортски терени.

Димитров како најважни ги спомна проектите за изградба на модерен покриен градски пазар по европски терк, изградба на булевар на влезот на Виница од месноста Горица до бензинската на Макпетрол, како и изградба на акумулација на реката Сушица која ќе се користи, рече, за наводнување на земјоделски површини со што и ќе се регулира Градечка и Виничка река.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: За робусниот скандал на Меџити со вработување на 3.000 партиски војници мора да има одговорност

А1он

СДСМ: Меџити спроведува робусна партизација со 3.000 партиски кадри, а Мицкоски молчи

А1он

ВМРО-ДПМНЕ реагира на пресот на СДСМ: Лага е дека ќе се вработуваат 3000 лица

Петрушевски: Ако Филипче и СДС не го осудат говорот на омраза на Орданоски кон Трамп и САД тие даваат сигнал дека се согласуваат

Кузеска: Историски најголема партизација, 3000 партиски кадри ќе вработи Изет Меџити

Венко Филипче единствен кандидат за претседател на СДСМ за партиските избори на 16 март