(ВИДЕО) Заев од протестот: Верувам во нашиот народ, заедно ќе спречиме криминални избори!

Од:

Во една работа сигурно верувам а тоа е нашиот народ. Народот е гневен и гневот расте. Секој ден се случуваат нови глупости и нови срамоти за Македонија. Денеска сме овде, јас, дел од раководството на СДСМ, како и впрочем сите вечери, некој од нас е присутен во поддршка на овие протести коишто ги организираат граѓанските организации. Ова расте и не може да застане. Интензитетот се повеќе и повеќе ќе се зголемува, рече Зоран Заев од протест.

Ми јавија и дека во неколку други градови се организираат протестите. Гневот граѓаните мора да го истурат на улиците. Јас само се надевам дека ќе бидеме внимателни, дека ќе бидеме луѓе пред се, без употреба на насилство и по мирен пат секој ќе го изрази револтот во форма на протест.

Се урнисаа сите вредности од Договорот од Прижино, буквално е згазено се. Со одлуките за поништувањето на техничката влада, оваа одлука за аболиција од Иванов и овој државен удар, овој срам за Македонија навистина беа врв, кулминација. Колку и да не сака да се изначуди човек, нема крај. Се повеќе и повеќе влгуваат во глупости.

Јас се надевам дека на крајот од денот сето ова ќе заврши по мирен пат, со заминување на оваа режимска, криминална и бандитска власт.

Два од минимум трите услови за регуларни, фер и демократски избори одамна беа констатирани како неисполнети. Тоа се одвојувањето на партијата од државата и реформите во медиумите.

Вчера и денеска се прави последното чекирање за неисполнување на третиот услов, тоа е прочистување на избирачкиот список.

Од прочистен избирачки список зависи регуларноста на изборите. Фер и демократски навистина зависат од реформи на медиумите од разграничување на партијата од државата, од амбиентот што граѓаните и граѓанските организации го создаваат но регуларноста на изборите е нешто од коешто нема бегање.

Ако ДИК гласаше со мнозинство гласови од 6 гласа, дека Македонија е подготвена да оди на избори со прочистен избирачки список ред е да кажат што е тоа што е прочистено од 1 милион и осумстотини илјади гласачи колку Македонија има сега гласачи. Јас она што го знам само една илјада гласачи се причистени затоа што се починати лица. Тие што ги видовме на празните плацеви, на непостоечкиот трет влез, седми спрат, во зграда од два влеза и четири спрата и слично, се тоа останува во избирачкиот список. Тоа покажува дека овој срам и безобразие продолжува во Македонија. Ако продолжи гневот ќе расте. Ако расте и гневот, сигурно ќе ги забрза процесите на заминување на овој режим.

Постојат неколку начини. Дел од нив нема да ги споменам за да не го честам Груевски. Но, дел од начините се формални аспекти а дел вака, граѓански. Со сите граѓаните заедно, рамо до рамо, ќе сочуваме нова, криминална узурпација на изборите заради потреба на криминална банда да легитимира свое опстојување. Тоа сите знаат дека не смееме и нема да го дозволиме. Тоа ќе се случи. Но, верувам дека претходно ќе се случат одредени чекори за одложување на изборите, за повлекување на аболицијата, за оставка на Иванов којашто треба да биде дадена, за заштита на Специјалното јавно обвинителство и многу други елементи коишто овие организации ги бараат.

Секако, се она што ни стои на располагање се искористување на сите можни опции коишто ни стојат, освен протестите. Ќе искористиме се што имаме на располагање Македонија повторно да биде нормална земја. Тоа веќе го знаат сите, со оваа власт Македонија веќе не може да биде нормална земја.

Никаде во светот човек што доброволно потпишал капитулација не се вратил на власт. Никаде во светот, човек кој ги уништил универзалните вредности, слобода, деморатија, право, не се вратил да ги возобнови тие вредности.

Промените ќе се случат и од тоа бегање нема.

Јас сум денеска како граѓанин, иако сум првиот опозиционер во државата, во поддршка на граѓанските организации коишто го организираат овој протест. Овој протест го организираат неколку невладини организации, нивните барања за нас се прифатливи, тие се во духот на оваа борба за демократија, слобода и правда што ја водиме. Се додека се согласуваме со барањата на граѓанските организации ние ќе ги поддржуваме, како што и тие не поддржуваат кога се согласуваат со нашите барања и ставови.

Ова е веќе надвор од партија. Овде нема партија, нема политика. Овде нема само СДСМ или само опозиција. Ова стана или Груевски или Македонија. Граѓаните ќе изберат на крајот. Нашиот избор е Македонија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

A1on

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска