Заев од Прилеп: Македонскиот спорт заслужува свој дом

Од:

Лидерот на СДСМ и носител на листа за пратеници во изборната единица 4, Зоран Заев денеска имаше среди со жителите и младите на Прилеп, каде ги презентираше мерките предвидени во изборната програма на партијата во областа на спортот.

Според Заев, сетот мерки што ги предлага СДСМ ќе му го вратат достоинството на македонскиот спорт.

– Преку нашиот сет од мерки професионалните спортисти, спортските аматери и стипендисти ќе добијат пензиско и здравствено осигурување во зависност од нивниот статус и категорија. Секој македонски репрезентативец кој настапил на најмалку 10 официјални натпревари се стекнува со право на просечна пензија со навршени 40 години, ако нема професионален ангажман како вработено лице. Формирањето на спортски финансиски фонд претставува една од најзначајните мерки. Тој ќе биде со посебна жиро-сметка на која ќе се слеваат средства од уплати: 3 проценти од секој тикет за спортско обложување, 100 отсто од лиценците за обложувалниците, три отсто од уплатите во автомат-клубовите и по еден денар од акцизите за цигари и за алкохол. Распределбата на средствата ќе ја врши седумчлен национален совет. Предлагаме и укинување на задолжителната обврска за регистрација на спортските клубови во АД, изјави Заев.

Заев најави дека македонските правни субјекти ќе може да инвестираат во спортот.

– Секој правен субјект ќе добие можност до 40 проценти од данокот на добивка да го инвестира во јавните дејности, пред се, во спортот. Министерството за финансии на почетокот на годината на сите спортски клубови ќе им издаде ваучер согласно лигата во која се натпреварува и ваучерот се инкасира во фирмите кои имаат данок на добивка. Овој модел ќе даде одлични резултати во спортот, рече Заев.

Пред пристуните Заев го презентираше, како што рече, и капиталниот проект „Олимпискиот центар и домот на спортот“.

– За овој проект веќе постои грант од еден милион евра преку Олимпискиот комитет на Македонија, а другите 1,2 милини евра ќе ги обезбеди новата влада. Така сите федерации ќе имаат свој дом и седиште, а во олимпискиот центар ќе има и спортска библиотека и музеј, рече Заев.

Би можело да ве интересира

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија