Заев од Охрид: Имаме докази дека последните два изборни циклуси беа криминални

Од:

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев го предводеше тимот кој денеска одржа трибина со граѓаните на Охрид. Во преполната сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ Заев упати остри критики кон актуелната власт предводена од Никола Груевски.

Заев пред охриѓани потенцираше дека дел од доказите кои треба да се обелоденат како парче од бомбата е тоа дека последните два изборни циклуси се криминални и дека се класична кражба на власта.

Дел од доказите кои ги имаме докажуваат дека изборите се спроведоа во 2014-та и во 2013-та година се апсолутно криминални. Ова што ни се случи во 2013 и 2014 не е пораз туку кражба која што кога ќе ја обелодениме ќе видите дека не изгубивме. Но кога ќе слушне и Бакрачески како тоа во 2013-та година станал градоначалник и како победил, не знам како ќе додржи да остане на својата позиција. Тоа беа криминални избори – рече Заев пред охриѓани.

Тој потенцираше дека Груевски цели тринаесет години ја води Република Македонија и дека не може да бара друг виновник за погубната политика и дното до кое ја доведе државата.

DSC02493

Груевски девет години е премиер и уште четири години беше министер во влада најчесто за економски прашања. Од вкупно 23 години независност, цели 13 години тој ја води Македонија. Еве Заев немал можност да ја води државата. Тринаесет години ја води државата и денеска повторно Заев е крив, СДСМ е крива – потенцираше Заев.

Заев додаде дека еден од модалитетите како е заробена државата е спрегата меѓу МВР, обвинителството и судството и дека таа спрега е контролирана од еден центар.

Го гледате хаосот кој што ВМРО – ДПМНЕ го создава во општеството о последните неколку месеци. Ја најави Заев бомбата. И се нема само случено експлозијата. Бомбардирањето е почнато во државата. Гледате дека од сите страни се ниша владата – рече Заев.

Заев истакна дека образованието системски е уништено и дека преку други модели може да се подобрува истото додавајќи дека ќе го укинат екстерното тестирање.

Екстерното образование ќе го укинеме и во факултетите нема да постои, а ќе го укинеме и во средните и во основните училишта. Нема да има повеќе екстерно образование – истакна претседателот на СДСМ.

Тој потенцираше дека сите аргументи и докази ќе ги претстават на многу внимателен начин и дека сценариото кое што следува мора да вроди со успех односно да го снема злото и да ги отвори патиштата на Република Македонија кон иднината.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата