Заев од Облешево: Земјоделците ќе имаат вистинска поддршка, заедно ќе обезбедиме рамномерен развој

Од:

Силна поддршка за земјоделците, рамномерен развој на целата општина, инвестиции и нови инфраструктурни проекти најави претседателот на СДСМ Зоран Заев, на денешната средба со жителите на општината Чешиново-Облешево.

Посочувајќи дека и тој самиот потекнува од село и бил земјоделец, претседателот на СДСМ истакна дека општината Чешиново – Облешево има работлив народ, народ кој што не се штеди да работи, само сака чесно да живее.

„Субвенциите ги има и доаѓаат во вистинско време, тогаш кога најмногу им требаат на земјоделците. За разлика од досега субвенциите ќе доаѓаат кај вистинските земјоделци. Имаме сериозен концепт оваа поддршка секоја години да расте. Ако сме извадиле три тона жито од одредена хектаража или три тона ориз од одредена хектаража, наредната година земјоделецот ќе добие 10 отсто повеќе субвенции од претходната , ако има производство три тона и 300“, најави Заев.

„Да помагаме на сите без разлика на нивната политичка или друга определеност “, порача Заев и нагласи дека идните градоначалници цврсто ќе се залагаат за концептот општини кои што ќе работат за сите. Тој упати јасна порака дека ќе има рамномерен развој во сите општини, па и во општината Чешиново-Облешево. Со поддршка на централната власт ќе се асфалтираат улици, ќе се прават канализации, ќе се градат градинки подеднакво насекаде.

Заев вечерва уште еднаш ги повика жителите на Чешиново – Облешево за неколку денови да донесат промени и во оваа општина. Новиот градоначаланик, Горанчо Крстев, како што рече тој, е човек кој што си ја сака општината и сака да ја направи најдобра во Македонија.

„А за да го постигне тоа, ќе добива поддршка од сите. Зад овој човек, зад Горанчо Крстев стоиме 100 проценти и јас и Владата и Парлементот. Заедно на 29-ти да ја прославиме победата и од понеделник да славиме живот во Чешиново – Облешево за сите“, рече Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО