(ВИДЕО)Заев од Крушево: Никола заминуваш, доаѓа живот!

Од:

Претседателот на СДСМ на првиот митинг на СДСМ и коалицијата за живот во Македонија вечерва во Крушево го повика Никола Груевски на ТВ дуел.

„Ајде Никола повели на дуел, да ги соочиме фактите, да те прашам што ги боли граѓаните, па да ја платиш цената пред екраните за тоа што не се повлече  три дена по бомбите. Ако си тоа што велиш дека си, нема да бегаш. Прифати дуел или замини среде кампања во политичката историја на Македонија. Пенкалото е кај граѓаните на Македонија! Тие на 11-ти Декември ќе изберат живот во Македонија! Режимот ќе падне на изборите!“, рече претседателот Заев во Крушево.

Претседателот Заев пред бројните присутни, во позитивна атмосфера ја покажа и претстави Програмата на СДСМ и коалицијата за живот во Македонија.

„Главна цел на новата Влада ќе биде парите да ги врати во семејните буџети на секој од вас, граѓаните“порача меѓудругото претседателот Заев вечерва во Крушево.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он